Радукану беше одлична, но Сабаленка покажа зошто е најдобра во светот!

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка покажа зошто е на врвот на ВТА листата и со победа од 2-0 во сетови против Ема Радкуани се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.

Радукану беше одлична и публиката беше на нејзина страна, но Сабаленка не попушти, иако во првиот сет не искористи дури седум сет топки, сепак не дозволи Радукану да поведе. Сетот беше одлучен во тај-брејк кој Сабаленка го доби со 8-6.

Радукану тргна по изедначување во вториот сет и одлично ѝ одеше поведувајќи со 4-1, но тогаш најдобрата во светот одново го крена нивото на игра и со пет гема во низа ја заврши работата за пласман помеѓу најдобрите 16 тенисерки на Вимблдон.