
Шкупи се засили со свое дете: Во Чаир се врати Муарем
Станува збор за фудбалер кој пристигнува да го засили офанзивниот дел и има 23 години. Мурарем кој најдобро се снаоѓа како лево крило кариерата ја започна токму во Шкупи, а потоа го носеше дресот уште на Ренова, Работнички и Струга во Македонија.
Зад себе има и искуство во албанскиот Скендербеу и косовскиот Фероникели каде што го помина последните шест месеци.