Алкараз ја покажа класата кога беше најпотребно и обезбеди осминафинале!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по четири сета (3-1) против Германецот, Јан Ленадр Штруф се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.

Бранителот на трофејот се помачи против германскиот тенисер, но беше на нивото кога тоа беше најпотребно и за два часа и 27 минути ја заврши работата за пласман помеѓу најдобрите 16.

Фуриозно започна шпанскиот ас добивајќи го првиот сет со 6-1,  а во вториот направи брејк уште на стартот, но тогаш како да се разбуди Германецот кој возврати и со 6-3 успеа да дојде до израмнување.

Алкараз одново го подигна нивото на игра и третиот сет го доби со 6-3. Најголема борба видовме во четвртиот кога Штруф на моменти покажа дека сака и може да се надигрува со вториот светски рекет, сепак Алкараз во клучните моменти добиваше поени и го освои сетот со 6-4 за конечна победа.

Во следната рунда Алкараз го чека меч со Андреј Рубљов.