
Стравично: Фудбалер на Арсенал обвинет за силување на – три жени!
Обвиненијата се однесуваат на настани што се случиле во 2021 и во 2022 година, а според извештајот на Би-Би-Си, во нив се инволвирани три жени. Две точки за силување се поврзани со една жртва, три со втората, додека точката за сексуален напад е со третата жена. Парти е роден во Гана, а професионалната кариера ја започна во Шпанија. На 19 години пристигна во Леганес, а подоцна премина во Атлетико Мадрид, каде играше од 2015 до 2020 година. Во тој период беше и на позајмица во Мајорка и Алмерија.
Тој во Арсенал пристигна летото 2020 година и беше дел од тимот до истекот на договорот ова лето, а минатата сезона настапи на 35 средби во дресот на „топчиите“ и постигна четири гола со две асистенции.. За репрезентацијата на Гана има одиграно 53 натпревари и постигнато 15 голови. Деталите за судскиот процес сè уште не се целосно познати, но се очекува јавноста да биде информирана во наредните денови. Парти досега не се огласил јавно за обвиненијата, а Арсенал сè уште нема издадено официјално соопштение.
ФОТО: EPA PHOTO