
Баерн и Барса извисија: Нико Вилијамс потпиша нов 10-годишен договор со Билбао!
Новиот договор предводува и зголемување од 50-отсто на откупната клаузула, како јасна порака дека Вилијамс е клучен дел од долгорочниот проект на клубот.
„Кога треба да се донесе одлука, за мене срцето е тоа што носи најголема тежина. Таму сум каде што сакам да бидам, со моите луѓе. Ова е мојот дом“, изјави Нико во емотивно видео со кое клубот ја објави веста.
Овој потег се смета за голема победа на клубот од Билбао, кој и покрај финансиски посилната конкуренција, успеа да го задржи играчот кој беше МВП на финалето на Европското првенство 2024 и го предводеше тимот на Шпанија до титулата. Нико Вилијамс го носи дресот на Атлетик од 2013 година, кога пристигна како дете во академијата во Лезама. Дебитираше за првиот тим на само 18 години, а досега има одиграно 167 официјални натпревари, постигнато 31 гол и еден освоен Куп на Шпанија. Сезонава тој беше меѓу клучните играчи во историското враќање на Атлетик во Лигата на шампионите.
ФОТО: X.COM