Црн ден: Загина мотоциклистот Гомез, имаше само 20 години!

По шокантната вест за смртта на Диого Жота, доаѓа нова црна информација, на 20-годишна возраст загина поранешниот возач во Мото2, Борха Гомез.

Тимот Хонда Лаглис потврди дека младиот шпански возач загинал на патека по инцидент на првиот слободен тренинг од третата рунда на Европскиот шампионат.

Момчето од Мурсија доживеа падна на стазата по што врз него налета друг возач.

„Со голема болка во срцето, со жалење објавуваме дека Борха Гомез загина на стазата Мањи Кур по тешка несреќа на првиот слободен тренинг од Европскиот шампионат. Покрај неговиот исклучителен талент како возач, ќе го паметиме Борха и како фантастична личност. Неговата љубезност и осмех ќе бидат вечни. Секогаш ќе го носиме во нашите срца. Во име на целиот тим на Лаглис, сакаме да изразиме сочувство на неговото семејство и пријателите во овие тешки моменти низ кои поминуваат. Те сакаме Борха, почивај во мир“, гласеше соопштението на Хонда Лаглис.

Гомез учествуваше во 15 трки од Мото2 шампионатот во текот на 2022 и 2023 година. 

Фото: teamlaglisse