
Пред четири месеци работела како доставувач на храна, а сега е – кралица на Вимблдон!
Со само 26 долари на сметката пред неколку месеци, таа работела како доставувачка на храна за да ја финансира својата кариера, а денес се натпреварува против најдобрите на светот. На својот деби настап против најдобрите во Лондон, Бренстин успеа да помине низ квалификациите во кои победи врвни противнички, меѓу кои и гренслем-победничката Бјанка Андреску и му пружи сериозен отпор на светскиот рекет број еден, Арина Сабаленка (1-6, 5-7).
„Оваа недела ми се случија многу работи за прв пат – првпат минав квалификации, ова е само втор гренслем во мојата кариера, првпат на терен број еден и првпат против тенисерка од Топ 10. Се забавував и не сакав да заврши“, изјави Бренстин по натпреварот.
Таа откри дека во февруари работела како доставувачка на храна во Лос Анџелес за да може да си ги покрие трошоците за патувања и турнири.
„Малку ми беше срам да го споделам тоа, но вистина е. Кога си млад спортист и сам си ја финансираш кариерата, сè е многу скапо. Едно утро, само неколку недели пред моето прво ВТА финале во Канкун, имав само 26 долари на сметката. Се расплакав. Немав храброст да им се јавам на родителите – ќе се налутеа. Го зедов автомобилот и почнав да доставувам вечери по Лос Анџелес“, дополни таа.
Канаѓанката и самата не знае како се справува со фактот дека за само неколку месеци премина од борба за гола егзистенција до настап на Вимблдон каде што заработи илјадници долари само за учество во првото коло.
„Сè уште не знам дали целосно сум го процесирала тоа. Сè се случи многу брзо. Се обидувам да уживам во секој момент. Горда сум на себе – не само заради спортскиот успех, туку заради сите битки што ги водев, и физички и финансиски. Успехот е уште посладок кога знаеш низ што си поминал“, заврши преубавата Канаѓанка, која преку ноќ стана и секс-симбол на турнирот во Лондон.
Бренстин за пласманот во првото коло на Вимблдон заработи 90.000 долари, поради што во догледно време нема потреба повторно да доставува храна.
ФОТО: EPA PHOTO / INSTAGRAM