Луда приказна: Ѓокереш ја оставил и девојката зашто сака да игра во Премиер лигата!?

Виктор Ѓокереш е главна тема во овој преоден рок, затоа што Спортинг Лисабон не сака да го пушти да замине, додека голгетерот јавно побара трансфер и одби да се врати во тимот додека не му се исполни желбата.

Светските медиуми пишуваат дека Ѓокереш нема намера да се врати во Спортинг зашто ѝ е лут на управата на клубот која одреди висока цена за трансфер, а најновата луда приказна од Португалија е дека напаѓачот е подготвен да направи сè за да се избори за преселба во Англија.

Ѓокереш наводно ја прекинал и љубовната врска со девојката Инез Агилар затоа што сака да ја напушти Португалија и да се пресели во Англија, односно сака да ги отстрани сите конекции кои го поврзуваат со земјата каде што играше фудбал во изминатиот период.

За услугите на шведскиот голгетер се заинтересирани неколку екипи, но најголеми фаворити за неговиот потпис се Арсенал и Манчестер јунајтед.

Фото: Facebook/Sporting CP