Јани Атанасов се врати во Краковија по шестмесечната позајмица

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ќе ја почне новата сезона како играч на Краковија ако во меѓувреме не дојде до трансфер.

Тој официјално се врати во клубот со кој има договор и замина на подготовки во Варка кои ќе траат до 8 јули. Атанасов доби неколку дополнителни денови одмор поради настапот за македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, на почетокот на јуни. Струмичанецот е член на Краковија од 2023 година, одигра вкупно 57 натпревари за клубот од Краков, но последната полусезона ја помина во полскиот второлигаш Пушча Нјеполомице.

Во својата кариера, 25-годишниот играч од средниот ред настапуваше уште за Хајдук, Бурса и Академија Пандев.