
Вардар одреди премии за новата сезона, фудбалерите ќе бидат наградувани уште од квалификациите за КЛ!
Фудбалерите на Вардар првата премија може да ја заработат уште во јули, ако го минат тимот на Ла Фиорита од Сан Марино ќе поделат 50.000 евра.
Ако ја освојат титулата во домашното првенство премијата е 250.000 евра, а за двојната круна е 350.000 евра.
Соопштението на Вардар ви го пренесуваме во целост:
„На состанокот утрово одржан во Раденци помеѓу Извршниот директор на ФК Вардар АД Миленко Неделковски од една страна, и шефот на Стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено премијата на екипата за освојување на шампионската титула за следната сезона 2025/26 да биде 250.000 евра.
Двојната круна ќе донесе премија за фудбалерите и стручниот штаб од вкупно 350.000 евра.
Премијата за елиминација на противникот од Сан Марино во Конференциската лига ќе е 50.000 евра“, стои во соопштението.