Лион ќе биде исфрлен од француската елита, но ќе игра во Лига Европа!

Седумкратниот француски шампион Лион би можел да биде исфрлен од Лига 1, откако се соочи со големи финансиски проблеми и имаше долг кој не успеа да го врати, но и покрај тоа би можел да настапи во Лига Европа.

Лион се обидува да ги реши проблемите, по првичната одлука за негово исфрлање во Лига 2, па во жалбата треба да наведе детали и да се обиде да се спаси од испаѓање во понизок ранг. Меѓутоа, дури и да биде исфрлен од елитата, Лион би можел да настапи во натпреварувањето на УЕФА.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Лион ќе игра во Лига Европа следната сезона без разлика што ќе се случи со нивната иднина во францускиот фудбал, а и самиот тим вчера објави дека постигнале договор со УЕФА.

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL