
Ѓоковиќ треба да го победи домашниот миленик, па Синер за финале на Вимблдон
Како шести носител, јасно беше дека ќе мора да победи некои од најдобрите тенисери во моментов во светот за да стигне до финалето и, евентуално до титулата. Тој заврши на страната на Синер со кого би играл во полуфиналето, но претходно, ако стигне до четвртфиналната фаза, најверојатно ќе мора да го елиминира домашниот миленик Џек Дрејпер кој има сезона од соништата и се наоѓа во одлична форма.
Србинот ќе почне против Александре Милер, Французин кој е 40-пласиран на АТП листата, но без позначајни успеси во кариерата, а понатаму Ѓоковиќ би можел да игра со Американецот, Микелсен, Австралиецот Де Минор или Махач од Чешка.
Првиот светски рекет Јаник Синер го очекува италијанско дерби со Лука Нарди во првото коло, во осминафиналето би можел да се сретне со Димитров или Пол, а на хартија, сонародникот Музети му е најтежок ривал до четвртфиналето.
Втор носител и бранител на трофејот на Вимблдон е Карлос Алкараз кого исто така го очекува тешка задача. Почнува со Фабио Фоњини кој во моментов е 130. на АТП листата, но понатаму како можни ривали ги има Оже-Алијасим, Циципас,Тиафо и Руне, додека потенцијални ривали во полуфиналето му се Фриц, Зверев и Медведев.