Фудбалски судија беше уапсен среде меч - додека покажуваше жолт картон (ВИДЕО)

Фудбалски натпревар од пониските лиги во Бразил беше прекинат од шокантен инцидент, кога судијата Едерсон Карлос да Силва (38) беше уапсен среде меч, додека му покажуваше жолт картон на еден од фудбалерите.

Според бразилските медиуми, апсењето е резултат на долготрајна истрага, при што се откриено дека судијата бил дел од организирана криминална група која се занимавала со трговија на наркотици. Да Силва имал логистичка улога во групата и бил под набљудување од ноември минатата година.

„Тој е лице со многу активен социјален живот и веќе беше под надзор“, изјави началникот на полицијата во Гваружа, Глаукос Силва.

Полицијата претходно пресретнала камион со 450 килограми дрога во Сао Пауло, а истрагата открила дека криминалната група користела изнајмени куќи за складирање и дистрибуција на наркотиците.

„Да Силва ги користел тие објекти за складирање пред дрогата да биде дистрибуирана понатаму“, изјави Едуардо Лима, шефот на полициската станица за борба против дрога.

Интересно е што полицијата дури по апсењето открила дека осомничениот работел и како фудбалски судија.