
Младите кошаркари го победија Косово во првата контролка на домашен терен!
По гостувањето во Романија, избраниците на Горан Самарџиев денеска во СРЦ „Кале“ го одиграа првиот пријателски меч на домашен терен во овие подготовки.
Мечот беше изедначен до последниот период, кога македонските надежи заиграа подобро и на крајот дојдоа и до убедлива победа од 12 поени разлика.
Стојковиќ беше најефикасен со 19 постигнати поени, Ќириловски реализираше 10 исто колку и Иванов.
Во петок, во Качаник, двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.