
Шкупи потпиша со играч кој бил дел од академијата на Борусија Менхенгладбах
Ситуацијата на Шкупи до неодамна изгледаше ужасно лошо, сопственикот го остави клубот во големи долгови кон фудбалерите и го снема. Но, очигледно работите во овој клуб се движат кон подобро. Па веќе почнаа да се промовираат играчи за наредната сезона.
Шкупи го претстави 20-годишнио Адонис Милај, косовски дефанзивен играч за врска кој се развивал во Германија.
„Добредојде Адонис Милај во нашето сино семејство!
20-годишниот дефанзивен играч од средниот ред му се приклучува на ФК Шкупи по важен развој во академијата на Борусија Менхенгладбах, каде што играше за тимовите до 17 и до 19 години, додека минатата сезона беше дел од СЦ Сент Тёнис во Германија. Со меѓународно искуство како поранешен репрезентативец на Косово до 19 години, Адонис носи дисциплина, смиреност и квалитет во срцето на нашата средина. Едвај чекаме да го видиме на теренот со нашиот сино дрес! Добредојде во Чаир, Адонис – заедно кон успеси!“, стои во соопштението на Шкупи.