Французите го исфрлија Лион во Лига 2, а клубот доби „шут-карта“ и од УЕФА!

Француската фудбалска федерација вчера објави дека од финансиски причини легендарниот Лион е исфрлен во втората лига, а денеска следуваа лоши вести за клубот и од УЕФА.

Лион поради долг од 500 милиони евра се сели во Лига 2. На ист начин ќе добијат казна и од УЕФА.

Имено, Лион минатата сезона преку француската лига избори место во групната фаза од Лига Европа, но УЕФА го исфрла клубот од европските натпреварувања.

Покрај тоа што нема да може да игра во најдобрата француска лига, Лион нема да може да биде дел ниту од европските натпреварувања.

Местото на Лион ќе го земе Стразбур кој беше позиција послабопласиран од Лион.

Лион најави жалба на одлуката за исфрлање од Лига 1, но француските медиуми сметаат дека таа нема да промени многу.