Нов успех во Марибор: Брајан Авиа освои бронза за Македонија во скок во вис!

Македонија доби нов голем атлетски талент, 18-годишниот Брајан Авиа, кој привлече внимание со импресивен настап во скок во височина, освојувајќи бронзен медал на Европското тимско првенство (Дивизија 3) во Марибор со личен рекорд од 2.06 метри.

Младиот репрезентативец, чии корени се од Нигерија и Македонија, го надмина своето претходно достигнување за дури пет сантиметри. Тој беше на чекор до златниот медал, но не успеа да ја прескокне висината од 2.09 метри, која му беше потребна за победа.

Негова следна цел му се националните младинскиот и сениорскиот рекорди, кои изнесуваат 2.10 метри.