Луда трка на 400 метри: Му пукна шорцот, му излезе машкоста и пак – победи (ВИДЕО)

Американскиот атлетичар, Крис Робинсон, се соочи со необичен проблем уште на самиот старт од трката на 400 метри со пречки на вчерашниот митинг од Златната лига во Острава, откако му пукна шорцот, што трката ја претвори во урнебесна сцена која ја насмеа публиката.

Тој, сепак, не дозволи проблемот да го обесхрабри. Иако при секое преминување на пречките на гледачите им „нудеше“ поглед на машкоста, тој остана максимално сконцентриран и не се откажа.

Наместо да се повлече од трката поради незгодата, Американецот продолжи да трча, па неговата упорност беше наградена со победа, која ја заокружи со акробатски финиш. Видеото, кое нуди сцена за постари од 18 години, може да го погледнете ТУКА.