
Партизан по 11 години повторно е шампион на Србија!
Партизан конечно седна на тронот на кој долги години беше Црвена звезда, црно-белите заслужено се радуваат на шампионската титула во српското првенство.
Спартак одлично го почна денешниот меч, го доби првиот период со 24-19, но Партизан се крена во вторите десет минути, го сврте резултатот и на одморот замина со предност од 45-44.
Клучна беше третата четвртина кога Партизан почна да се одлепува, во неа беа подобри со 27-17, создадоа голема предност која ја одржаа до крај за конечни 93-79.
Ова за Партизан беше втор трофеј оваа сезона откако претходно триумфираа и во АБА лигата, a многу малку фалеше да триумфираат и во Купот на Србија.
Фото: X/KLSrbije