Официјално: Славниот Лион е исфрлен во втората француска лига!

Легендарниот француски клуб Лион од денеска и официјално е второлигаш, исфрлен е поради финансиски проблеми.

Француската фудбалска федерација одлучи да го исфрли Лион во втората лига, причината се финансиските проблеми на големиот клуб.

Според француските медиуми, Лион е во минус од дури 500 милиони евра и тоа е причината што е исфрлен од најдобрата лига во Франција.

Лион минатата сезона го освои шестото место во Лига 1, но резултатскиот успех не влијаеше на негативната финансиска слика.

Клубот има можност да поднесе жалба на оваа одлука.

Фото: Ol.fr