
Урнебесно: Меси доби брачна понуда од симпатична – баба (ВИДЕО)
Симпатичната баба стана вирален хит со брачната понуда до Аргентинецот.
„Меси, ќе се ожениш ли со мене?“, пишуваше на транспарентот.
Еден од најдобрите на сите времиња оваа неочекувана брачна понуда ја доби за време на натпреварот меѓу Интер Мајами и Палмеирас, кој заврши со резултат 2-2. Фотографијата од бабата и нејзиниот транспарент брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вистински вирусен хит.
За кратко време, таа беше виена од повеќе од 400.000 луѓе, а коментарите се редеа со пофалби за нејзината храброст и смисла за хумор.