
Реал Мадрид и со фудбалер помалку беше пресилен за Пачука (ВИДЕО)
Дефанзивецот Асенсио по еден старт во седмата минута со кој спречи одлична шанса на мексиканскиот состав беше испатен во соблекувалната, но „кралевите“ и така покажаа квалитет.
Белингам и Арда Ѓулер се погрижија избраниците на Алонсо да имаат водство од 2-0 на полувремето, па беше јасно дека Пачука тешко ќе се врати.
Во вториот дел погоди Валверде, додека утешниот гол за Пачука беше дело на Монтиел на десетина минтуи пред крајот на средбата.
За шпанскиот гигант ова беше прва победа на турнирот во САД откако во првото коло ремизираа со Ал Хилал. Следен предизвик за Реал ќе биде натпреварот со Салзбург од третото и последно коло од групната фаза.