Работнички закажа две контролки во Охрид

Екипата на Работнички се пресели во Охрид каде што ќе ги продолжи подготовките за новата сезона и европските квалификации.

Во Охрид избраниците на тренерот Бојан Марковски ќе поминат седум дена, а во тој период ќе одиграат и два пријателски натпревари.

Првиот натпревар е закажан за 24 јуни против Партизани Тирана од 17:30 часот, додека на 27 јуни дебармаалци ќе тестираат против Балкани од 16:00 часот.

Од стартот на подготовките Работнички веќе одигра два контролни натпревари во кои ремизирраше со Силекс, првата средба заврши без голови, втората 1-1.

Во квалификациите за Конференциската лига Работнички ќе гостува на Торпедо Белаз од на 10 јули, а реваншот ќе го одигра на свој терен седум дена подоцна.