
Беше на излезна врата од Реал, сега е миленик на Чаби Алонсо
Причината лежи во тоа што често мораше да игра на неприродна позиција за него - стопер затоа што дефанзивците на Реал беа повредени. Со оглед на тоа што не можеше да се снајде најдобро, отвораше многу простор за брзите крила на каталонскиот тим Рафиња и Јамал, па Барса на четири меча му даде 16 гола на Реал. Како последица на тоа, навивачите го замразија, побараа да биде продаден во текот на летото и се очекуваше францускиот репрезентативец летово да го напушти Реал.
До тоа, сепак, нема да дојде бидејќи во меѓувреме, со доаѓањето на Чаби Алонсо, дојде до голем пресврт во статусот на Чуамени. Новиот тренер го смета него за главен играч во тимот и покрај присуството на Мбапе, Винисиус, Валверде, Белингам итн.
„Има извонредна достапност и тој е темел на нашта екипа затоа што може да изврпува задачи на различни позиции. Овие неколку денови кои ги поминавме заедно ми покажа желба за напредок и сметам дека неговото расположение ќе биде клучно“, објасни Алонсо.
Можеби неговата наклонетост кон Чуамени не е изненадување, ако се знае дека и самиот тој како активен фудбалер настапуваше на истата позиција (последен играч за врска), а исто така можеше да одговори на повеќе места во тимот.