Расел триумфира на трката во Канада, возачите на Мекларен се судрија (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше одличен на трката за Големата награда на Канада и успеа да триумфира, а во центар на внимание е и инцидентот меѓу возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис кои се главни фаворити за титулата.

Расел успеа да го израдува тимот на Мерцедес и навивачите, а зад него на трката завршија актуелниот првак Макс Ферстапен и Кими Антонели.

Пјастри заврши на четвртата позиција, откако во него удри Норис во завршницата на трката и го оштети болидот.

Во топ-10 завршија уште Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг, Естебан Окон и Карлос Саинц.