Собирал отпад на улица и играл во третолигаши, а сега е лидер во одбраната на Бразил

Дефанзивецот Александро неодамна доби шанса во составот на Бразил од страна на селекторот Карло Анчелоти и веднаш го привлече вниманието со неговите настапи.

Анчелоти сакаше да го има Александро на располагање, а фудбалерот му возврати со добра игра против Еквадор и Парагвај, по што медиумите го открија неговиот пат до успехот.

Првите фудбалски чекори ги направил во младинската академија на Фламенго, но тимот не му понудил професионален договор, по што следеле финансиски проблеми и морал да работи на улица и да собира отпад.

„Бев без клуб речиси година ипол. Ниту еден клуб во Бразил не ме сакаше, па морав да заминам во третата португалска лига. Почнав да прикажувам добри игри и потоа добив шанса во селекцијата на Бразил“, кажа Александро.

Фото: EPA PHOTO