Шкендија со победа ќе направи крупен исчекор кон шампионската титула
Откако шампион Вардар ја запиша првата пролетена нула со поразот вчера во 61-то соседско дерби од Работнички (1-2), Шкендија сега има голема шанса на свој терен да го направи првиот исчекор и да замине на двоцифрена предност, која практично им обебедува многу помирен период во останатиот дел од сезоната. Шкендија е апсолутен фаворит против „пандевци“, кои пролетва не тргнаа според очекувањата, па по дебаклот со Шкупи, освоија само бод проти фенерџијата Скопје, иако во првите два меча струмичани се покажаа како тврд орев за тетовци, па под Шара ги намачија фаворитите (1-2), а на домашен терен и ги победија (3-2).
Пелагониските ривали Победа и Пелистер денеска ќе се борат за нови бодови важни за опстанокот, но имаат предизвик со екипи кои имаат амбиции да играат Европа, па прилешчани во Битола ќе бодат домаќини на чаирскиот прволигаш Шкупи во дуелот на двете најзасилени екипи, додека Пелистер треба да бара бодови кај третиот Силекс во Кратово.
На Автокоманда се игра дерби за опстанок помеѓу Скопје и Ренова, а ова е шанса за домаќинот да се приближи во таа трка за гол прволигашки живот.
ПРВА ЛИГА, 21 КОЛО
Тетово: Шкендија – Академија Пандев
Битола: Победа – Шкупи
Автокоманда: Скопје – Ренова
Кратово: Силекс – Пелистер
ВЧЕРА
ТАБЕЛА
Шкендија 50 бода (-1), Вардар 42, Силекс 32 (-1), Работнички 27, Академија Пандев 26, Шкупи 26, Пелистер 20, Ренова 20, Победа 20, Скопје 11 (-1)