Барселона со нова победа над ПСЖ го завери пласманот на фајнл-фор во ЛШ!

Барселона со 32-31 го победи ПСЖ и се избори за место на ракометниот фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите.

Каталонците работата си ја завршија во Париз каде го совладаа ПСЖ со 30-22. Вечерашниот меч за Барса беше само рутинско завршување на работата.

Барселона одигра одлично прво полувреме кое го доби со 17-12. Откако стана јасно дека ПСЖ нема сили за сензација, каталонскиот тим ја тргна педалата од гас и дозволи на Французите да се изборат за пристоен пораз ое еден гол разлика.

Дика Мем со седум голови беше најефикасен во составот на Барселона, Пранди постигна 10 погодоци за ПСЖ.

Познати се сите патници на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите, покрај ПСЖ таму ќе бидат и Кил, Алборг и Магдебург.