
Легендата доби помрачување: Гуровиќ делеше боксови на натпревар на деца (ВИДЕО)
Младите играчи од двете страни влегоа во физичка пресметка, но можеби таа ќе поминеше без големо внимание ако не се приклучеше легендарниот српски кошаркар Милан Гуровиќ. Тој е сопственик на КК Реал и беше во салата во која се играше натпреварот и кога забележа дека има тепачка, полугол влета да ги раздвои завојуваните страни.
Откако не успеа во тоа, почна и тој да дели боксови, претепа еден од највоинствените, а уште еден го тресна од ѕид.