Панатенаикос го победи Макаби во Белград и се избори за мајсторка на свој терен!
Грчкиот тим со голем триумф се враќа од Белград каде Макаби Тел Авив ги игра натпреварите на кој е домаќин.
Макаби имаше предност и од 82-75, но Панатенаикос со фантастична игра во финишот направи комплетен пресврт и го доби дуелот со 95-88.
Најефикасен беше Нан со 27 поени, Слукас реализираше 20, во составот на Макаби, Браун даде 17.
Патникот на фајнл-фор турнирот ќе се одлучува во Атина каде ќе се игра петтиот, решавачки меч меѓу овие два тима.