Олимпијакос ја шокираше Астон Вила, Фиорентина го совлада Клуб Бриж (ВИДЕО)

Астон Вила на домашен терен со 4-2 загуби од Олимпијакос и се наоѓа пред елиминација, Фиорентина со голема мака со 3-2 го совлада Клуб Бриж.

Унаи Емери кој е мајстор за европски натпревари ќе има тешка задача да ја надополни негативата во Пиреа и да го совлада Олимпијакос со три гола разлика.

Грчкиот тим имаше фантастичен старт, по половина час водеше со 2-0 со два гол ана Ел Каби. Во финишот од првото полувреме Оли Воткинс ја намали предноста на Олимпијакос.

По седум минути игра во второто полувреме Диаби изедначи на 2-2, се чинеше дека Астон Вила ќе се спаси од пораз, а има време и за победа.

Но веќе во 56. минута Ел Каби реализираше хет-трик за ново водство на Олимпијакос, а Хезе во 67. ги постави конечните 4-2.

За вечерта на Астон Вила да биде уште полоша се погрижи Даглас Луис кој промаши пенал во 84. минута.

Фиорентина со 3-2 го совлада Клуб Бриж кој двапати се враќаше, но не успеа да извади реми.

Сотил уште во петтата минута донесе предност за Фиорентина, но Ванакен во 17. минута изедначи од пенал.

Белоти во 37. минута Белоти го врати водството на виолетовите. 

Во 61. минута Ониедика доби втор жолт картон, Бриж остана со играч помалку, но Тиаго само две минути подоцна изедначи на 2-2.

Сепак, во 91. минута Нзола погоди за победа на Фиорентина од 3-2.