Баер Леверкузен го освои и Рим! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен под водство на Чаби Алонсо дојде до уште еден голем резултат откако со 2-0 ја совлада Рома на нејзин терен во првиот полуфинален меч од Лига Европа.

Германскиот тим беше подобар противник, создаде повеќе шанси и можеше дури и со поубедлива победа да си замине од Рим.

Резултатот го отвори најдобриот фудбалер на Леверкузен, Вирц кој погоди во 28. минута по асистенција од Грималдо.

Конечните 2-0 за Баер беа дело на Андрих кој постигна прекрасен гол во 73. минута.

На вториот полуфинален меч Марсеј и Аталанта одиграа нерешено 1-1.

Скамака во 11. минута постигна гол за водство на Аталанта од 1-0, девет минути поодцна Мбемба изедначи на 1-1.