Рекорди на Меси, хет-трик на Суарез, еврогол на Кутињо (ВИДЕО)
Гостите го отворија резултатот на „Камп Ноу“ и само го налутија домаќинот. Лионел Меси постигна два гола, но имаше и асистенција за израмнувачкиот погодок за Луис Суарез со што стана најдобриот асистент во историјата на Ла Лига со 148 асистенции. Со двата гола стана и првиот играч во историјата, кој има постигнато против 36 различни клубови во шпанската елита.
Луис Суарез забележа хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и Филипе Кутињо со прекрасен погодок од далечина.