Нож во срцето на сите вардарци: Битолско славје среде Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Место тоа, вечерва во Аеродром прослави малубројната гостинска навивачка група, заедно со ракометарите на Пелистер. Битолскиот тим дојде до деветтата шампионска титула во македонското ракометно првенство, но триумфот дополнително добива на значење поради тоа што е остварен на теренот на најголемиот ривал.
Пелистер со ова му се одмазди на Вардар за двата претходни порази, еден во Битола во првенството и еден во Охрид, во финалето од Купот на Македонија.