
Тензично е во Тирана: Албанските навивачи се обиделе да ги нападнат српските фудбалери!
Во текот на денот албанските навивачи во провокациите кон Србија ја вмешаа и Македонија, а на службите за безбедност не им е лесно да ги обезбедуваат српските фудбалери.
„Албанците во текот на целиот ден парадираат по улиците во Тирана и го најавуваат „натпреварот на деценијата“ за својата репрезентација. Поголеми инциденти немаше, бидејќи српски навивачи нема во престолнината на Албанија, но малку недостасуваше на удар да бидат фудбалерите на нашата земја.
На еден час пред почетокот на натпреварот во Тирана фудбалерите на Србија пристигнаа на стадионот. Полицијата неколку минути пред пристигнувањето ги растера албанските навивачи. Тогаш беше паркирано и возило под ротација поради што голем број Албанци се појавија на булеварот кој води кон стадионот очекувајќи автобусот да помине тука. Но, стануваше збор за мамка од полицијата, а автобусот ја промени рутата и по споредни улици пристигна на стадионот“, пишува „Информер.
Натпреварот помеѓу Албанија и Србија започнува во терминот од 20:45 часот.