Дербито за титулата е последен натпревар во кариерата за Драган Начевски (ФОТО)
Начевски кој е едно од најголемите имиња во македонскиот ракомет во иднина поради старосната граница нема да може да ја извршува улогата како делегат, па ове дерби за него е последниот натпревар во кариерата.
Во минатото Начевски беше дел од најголемите ракометни настани како Европско, Светско првенство и Олимписки игри. Заедно со Маријан Начевски ќе се паметат како првите Македонци кои суделе европско финале.
Како делегат оствари исто така голем успех и повторно беше дел од најголемите настани, а одреден период од својата кариера работеше и во ЕХФ.