
Ѓуроски најдобар домашен играч во македонското првенство, Радукиќ МВП
Искусниот крилен играч блескаше во дресот на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб и беше најконстантен во тимот кој во текот на сезоната претрпе многу промени, особено меѓу странците. Во првенството одигра 28 натпревари со ефект од 16,5 поени, 4,4 скока и 3,6 асистенции и просечен индекс 14,9.
За тренер на сезоната е прогласен Васко Атанасов од МЗТ Скопје, најдобар млад играч е Андреј Шошкиќ од Работнички, а најдобар играч воопшто е босанскиот интернационалец од редовите на МКК Куманово, Александар Радукиќ.