По многу борба, дербито во Охрид без победник!
Дербито како и што се очекуваше донесе голема борба, а во почетните минтуи ниту еден од двата тима не успеваше да направи некоја повисока разлика. На паузата сепак, гостите од Автокоманда се изборија за гол предност од 14-13.
На самиот старт од второто полувреме, Алкалоид за првпат поведе со три разлика (16-13), меѓутоа тоа како брзо да ги разбуди домаќините кои во наредните минути целосно се вратија во мечот, па поведоа и со два гола предност (20-18).
Неизвесната борба продолжи и во последната четвртина од натпреварот, се до последните минути ниту Охрид, ниту Алкалоид немаа поголемо водство од два гола. Тогаш Алкалоид поведе со 26-24, но одново Алкалоид се врати, па во последните пет минути се влезе со 26-26 на семафорот.
Дарко Гуќиќ беше најефикасен на средбата со осум гола, додека кај Алкалоид Никола Костерски постигна шест. Пилиповиќ на голот на Охрид собра осум одбрани, а Галевски на спротивната страна шест.
До крајот свои шанси во последните минути имаа и двете екипи, но се истакнаа и голманите, па победник немаше.