Кожув лесно се справи со Ангели, славеше со 30 разлика!

Кошаркарите на Кожув во 19. коло од Првата лига лесно и без проблеми ја оправдаа фаворитската улога со триумф од 99-69 на гости кај фенерџијата Ангели.

Домаќините во ниту еден момент од натпреварот немаа водство, гостите многу брзо од самиот старт го наметнаа своето темпо. По првиот период имаа минимално водство од 16-15 за во вториот за првпат да дојдат до двоцифрена рразлика (28-38). Ангелија до пред паузата се вратија во игра и на одмор заминаа со негатива од 42-45.

По враќаето на паркетот од паузата кон финишот од третиот дел фаворитот почна да го трасира патот кон победата за во последниот период и целосно да го скрши отпорот на противникот.

Таму домашниот состав како веќе да загуби сили и не успеваше никако да одговори, па на крајот доживеаја и дебакл со пораз од 30 разлика.