Молина со спектакуларен гол му пресуди на Хетафе (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше со минимални 1-0 против Хетафе во 28. коло од Ла Лига, но натпреварот ќе се памети по мајсторијата на Нахуел Молина.

Молина во осмата минута од натпреварот испрати прекрасен удар од голема далечина и го матира голманот на гостите, а тој погодок се покажа како доволен за три бодови за Атлетико.

Атлетико е трет во Ла Лига со 57 бодови, додека Хетафе остана на деветтата позиција со 35 бодови.

Фото: EPA