Барнли и Бормут без муниција, Брајтон го расплака Сандерленд (ВИДЕО)

Денеска од 16 часот беа одиграни два натпревари во Премиер лигата, при што Барнли и Бормут си поделија по еден бод (0-0), додека Брајтон славеше на гости кај Сандерленд со 1-0.

Натпреварот на „Турф Мор“ понуди големи возбудувања, односно беа забележани дури 37 шанси вкупно, но напаѓачите не беа расположени за постигнување голови, па мрежите мируваа до последниот судиски свиреж.

Сандерленд можеше до победа против Брајтон, а помисли дека ќе биде блиску до такво нешто по погодокот на Крис Риг во 49. минута, но ВАР-технологијата набрзо го поништи голот и ги разочара домаќините.

Брајтон само неколку минути подоцна преку Јанкуба Мине ја затресе мрежата на домаќините и донесе победа од 1-0.

Фото: Brighton & Hove Albion FC/Facebook