Убедлив пораз на одбојкарите на стартот на Златната лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Финска со 0-3 (20-25, 15-25, 19-25) на почетокот од новото издание на ЦЕВ Златната лига. Првиот турнир се одржува викендов во главниот град на Словачка, Братислава.

Нашите одбојкари беа рамноправни до средината на првиот сет иако и дотогаш Финците го диктираа темпото и имаа водство од 1-2 поена. Првпат се одлепија на +3 на 12-9, нешто подоцна имаа 15-11, Македонија се доближи на 18-20, а стана јасно дека противникот ќе поведе со 1-0 по 23-18. Нешто слично почна и вториот сет, но тука Финска многу побрзо дојде до убедлива предност (21-13) и немаше проблеми да поведе со 2-0.

Улогите се сменија во третиот сет, Македоонија отвори со 6-3, имаше и 7-4, но Финците брзо се вратија во игра, а по серијата од 5-0 поведоа со 18-14. Тука нашите застанаа и противникот дури убедливо го доби третиот сет.

Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во македонската репрезентација со 12 поени. Својот втор натпревар од ЦЕВ Европската лига, Македонија ќе го игра утре против домаќинот Словачка, а идната недела ќе гостува во Летонија.