
Чкембари дојдоа пред „Јане“ и порачаа - Скопје навива за Пелистер! (ФОТО)
Неколкумина битолчани се сликаа со транспарент пред домот на Вардар на кој пишуваше: „Сите во сала игра шампионот Пелистер“.
Вечерва се очекува жешка атмосфера во „Јане Сандански“, Вардар и Пелистер се борат за титулата, а најавено е присуство на двете навивачки групи. Мечот е веќе распродаден, билети нема. Натпреварот почнува од 19:30 часот.