
Раде Стојановиќ седнува на жешкото тренерско столче на Пелистер!?
Вечерва Пелистер мора да го победи Вардар среде Скопје за да ја одбрани шампионската титула, тоа ќе биде тешка мисија за битолчани, а ако не ја остварат ќе се случи тренерска смена.
Најавите се дека евентуален неуспех ќе значи отказ за Раул Алонсо, а на негово место ќе пристигне македонскиот стратег, Раде Стојановиќ.
По крајот на играчката кариера, Стојановиќ се промовираше во одличен тренер, последен негов клуб беше словенечкиот тим Тримо Требње.