
Македонски одбојкарски џин следната сезона ќе игра за - грчки ПАО!
Тој со ова станува малиот број македонски спортисти што ќе настапуваат во грчкиот шампионат, со што неговиот потег привлекува внимание и пошироко од спортскиот контекст.
„Гордо и мотивирано го прифаќам новиот предизвик во Панатинаикос. Ќе дадам сè од себе да се покажам на највисоко ниво,“ изјави Савовски по потпишувањето на договорот.
Станува збор за 23-годишен централен блокер висок 210 сантиметри, со веќе изградена солидна кариера во Балканскиот регион. Почнува во Весна Пробиштип, а првите посериозни одбојкарски чекори ги направи во Струмица Никоб (2020/21), а потоа следуваа две успешни сезони во Србија со екипите на Нови Сад и Војводина – со последната сезона крунисана со освоен Куп на Србија.