Постигнат еден од најсмешните автоголови и тоа во битка за пласман на СП (ВИДЕО)

Селекцијата на Венецуела ноќеска ја совлада Боливија (2-0) во меч од јужноамериканските квалификации за СП 2026, со што на три кола пред крајот на го зацврсти своето место во зоната што води во интерконтиненталниот бараж.

Натпреварот беше решен уште во првите 30 минути, а гостите доживеаја шок уште во петтата минута, кога постигнаа еден од најкомичните авто-голови досега видени, особено во натпревари со ваква важност. Играчот на Боливија, Хектор Куелјар, врати топка од околу 30 метри кон својот голман Гиљермо Вискара, кој не успеа да ја прими правилно и дозволи таа да му помине низ нозете и заврши во мрежата.

Несреќата за Боливија продолжи во 11. минута, кога Габриел Вилјамил ја промаши најдобрата шанса за израмнување. Само 19 минути подоцна, искусниот Саломон Рондон беше прецизен во шеснаесетникот и го постави конечниот резултат од 2-0. Во второто полувреме немаше значајни настани, а со оваа победа Венецуела сега е седма со 18 бодови – позиција што обезбедува бараж. Боливија останува на осмото место со 14 бодови.

Перу и Колумбија одиграа без голови (0-0) претходно во текот на ноќта, што го остави Перу на деветтото место со 11 бодови. Со оглед на тоа што Колумбија и Уругвај имаат по 21 бод, Венецуела сѐ уште има реални шанси дури и за директен пласман на Светското првенство – што би било првпат во нејзината историја.