Поранешен талент на Арсенал следните четири години ќе ги мине во – затвор!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел Томас, е осуден на четири години затвор поради учество во трговија со дрога, откако призна вина за шверц на голема количина марихуана.

Тој бил уапсен при пристигнување од Бангкок, кога полицијата открила 60 килограми марихуана во две торби што ги носел со себе. Со него патувале и две жени кои, според истрагата, не биле свесни што носат, верувајќи дека пренесуваат злато. Вредноста на дрогата што ја пренесувал се проценува на околу 600.000 фунти. Со тоа, 34-годишниот Томас, кој во моментот на апсењето настапувал за шкотскиот второлигаш Мортон, завршува зад решетки.

Неговата кариера започна во младинскиот состав на Арсенал, а подоцна играше и за клубови како Ипсвич, Бристол Сити, Квинс Парк Ренџерс, Абeрдин и ПТТ Рајонг од Тајланд. Во 2010 година, тогашниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, го опиша Томас како играч со огромен потенцијал, нагласувајќи дека „дава голови со обете нозе и е фантастичен пред голот“.

Но, од тоа ништо не се случи, а сега принудно ќе „игра“ за сосема друг тим и тоа во следните четири сезони.