
Македонија погоди две стативи, Белгија веднаш казни со гол (ВИДЕО)
Прво Елмас имаше одлична прилика во која со удар од далечина ја погоди стативата од голот на Белгија, а одбиената топка дојде до Алиоски кој не реализираше празен гол и погоди уште една статива.
Многу брзо, Белгија на спротивната страна казни со голот на Де Кјупер.