Милевски ги избра фудбалерите со кои ќе се обиде да ја изненади Белгија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентацвија вечерва од 20.45 часот ја пречекува Белгија на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во третото коло од квалификациите за Светското првенство (СП).

Селекторот Благоја Милевски ги избра репрезентативците за вечерашниот меч, па така Македонија на теренот ќе излезе во формација 4-2-3-1.

Димитриевски ќе биде на голот, а ќе играат и Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски, Илиевски, Костадинов, Атанасов, Барди, Елмас и Миовски.

Македонија по две одиграни кола има една победа и реми, односно со четири бодови се наоѓа на делба на првата позиција со Велс.