Алкалоид се збогува со тројца ракометари - Оливеира да Силва, Савревски и Трајкоски!

Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ, Алкалоид денеска им додели посебни благодарници на тројца ракометари кои си заминуваат од Автокоманда.

Алкалоид се збогува со Благојче Трајкоски, Давид Савревски и Франциско Оливеира да Силва кои ќе си бараат нови екипи за следната сезона.

Тројцата играчи му помогнаа на македонскиот суперлигаш да ја освои историската титула во Европскиот куп, но и да оствари добри резултати во домашниот шампионат.

Фото: Facebook/RK Alkaloid